Најмалку седум луѓе се повредени откако вчера силно торнадо помина низ германскиот град Кил.
„Вакво нешто не можевме да предвидиме“,
вели метеорологот Себастијан Вахе за агенцијата ДПА.
Торнадото кое започнало од предградието во Кил откорна покриви од куќите и згради, а оштетени се и голем број фасади.
Како што информираат од противпожарната служба, со сериозни повреди се здобиле четири лица, а другите тројца се со полесни телесни повреди.
