Петнаесет полицајци се повредени во синоќешните немири што избувнаа на недозволената музичка манифестација во лондонскиот кварт Брикстон.
Насобраните лица се спротивставиле и ги нападнале полицајците, а оштетени се и неколку полициски возила.
Полицијата реагирала бидејќи собирите се противзаконски поради пандемијата на ковид-19 и оти претставуваат ризик за јавното здравје.