Лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува, а Постапува и Центарот за социјални работи, објави на „Фејсбук“ дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска
Неофицијално, двајцата насилници се од Штип и во тек е акција за нивно приведување
На социјалните мрежи, со огромна брзина, се шири видео на кое се гледа како двајца мажи тепаат девојче. Насилниците зборуваат на источен македонски дијалект.
За случајот се огласи дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која вели дека МВР веќе постапува:
„Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување.“
Неофицијално, двајцата насилници се од Штип.
Според Кривичниот законик, тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.