„Џејмс Веб“ телескопот е наречен по еден од архитектите на програмата Аполо за истражување на Месечината. Во проектот, покрај НАСА, вклучени се и вселенските агенции и на Европа и Канада
Телескопот „Џејмс Веб“ вреден 10 милијарди долари денеска успешно беше лансиран од космодромот во Француска Гвајана. Моќниот телескоп се очекува во иднина да овозможи најдлабок поглед на вселената досега и да отвори нова астрономска ера.
На неговиот дизајн работеше 30 години, користи најсофистицирана технологија и се смета за еден од најголемите научни дострели во 21-от век.
Телескопот е тежок 6 350 килограми. За да стигне до крајната одредница, а тоа е сончевата орбита на околу 1,6 милиони километри од земјата, растојание што е за четири пати подалечно од Месечината, на телескопот ќе му треба време од еден месец.

Овој телескоп, е околу сто пати почувствителен од Хабл и се очекува од корен да го промени разбирањето на универзумот и местото на човекот во него.
„Џејмс Веб“ телескопот е наречен по еден од архитектите на програмата Аполо за истражување на Месечината. Во проектот, покрај НАСА, вклучени се и вселенските агенции и на Европа и Канада.
Мисијата на телескопот ќе трае 10 години, а првите снимки треба да започне да започне да ги прави за шест месеци од сега.
Телескопот ќе користи повеќе технологии со кои ќе ги снима вселенските објекти, а клучна е инфрацрвената камера, која ќе овозможи да се погледне во атмосферата на голем број планети надвор од Соларниот Систем и да открие од што се составени и дали евентуално на нив има услови за живот.