Најмладата жртва од поплавите е двегодишно дете, пренесе Си-ен-ен
Најмалку осум лица ги загубија животите во поплавите што ги погодија Њујорк и Њу Џерси поради рекордните врнежи, а првпат во историјата беше издадено предупредување за поплава во Њујорк. Покрај прогласувањето вонредна состојба во градот, прогласена е вонредна состојба и во државата Њујорк.
— Rick (@SubwayCreatures) September 2, 2021
Како што пренесува Си-ен-ен, најмладата жртва од поплавите е двегодишно дете.
Меѓу жртвите има 48-годишна жена, која била пронајдена од полициските службеници во Њујорк во нејзиниот дом во областа Гранд Централ во Квинс, откако се јавила на 911 и побарала помош. Жената била пренесена во болницата „Форест Хилс“ каде што била констатирана смрт. Полицајците пронашле ве дополнителни жртви во Квинс. Според Си-ен-ен, станува збор за жена на 45-годишна возраст и маж на 22-годишна возраст.
Wild scene in the subway tonight #subwaycreatures #ida pic.twitter.com/G5MJp1qGhw
— Rick (@SubwayCreatures) September 2, 2021
Сообраќајот низ градот е блокиран и само приоритетни возила можат да бидат на улица, исто така и метрото не е во функција бидејќи водата навлегла во повеќето станици.
Во серијата твитови, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, побара од жителите да се држат подалеку од градските улици, наведувајќи дека околу 5 300 домаќинства останале без електрична енергија.
„Сведоци сме на историски временски настани со рекорден дожд во градот, поплави и опасни услови на патиштата“,
изјави меѓу другото Де Бласио.
Брза помош ги евакуира луѓето од подземната железница во Њујорк поради големата количина вода што навлезе таму.
На граѓаните им се советува да не користат метро, чии линии се ограничени, како и сообраќај со автобуси.
— Rick (@SubwayCreatures) September 2, 2021
