Најпогодена е сојузната држава Тенеси
Најмалку десет луѓе загинаа, а десетици се водат како исчезнати во катастрофалните поплави во американската сојузна држава Тенеси.
Поројните дождови вчера предизвикаа лизгања на земјиштето кое однесе бројни куќи и автомобили и ги поплави руралните патишта, објавија властите.
Во округот Хамфрис дека повеќе од 30 лица се водат како исчезнати.
Меѓу пронајдените тела има и две деца помлади од три години.
Поплавите беа предизвикани од обилните дождови во делови од центарот на Тенеси.