Меѓу загинатите е и еден војник, кој го жртвувал својот живот трагајќи по лице кое биле пријавено за исчезнато, а меѓу жртвите има и деца, од кои најмалото имало две години
Бројот на загинати како последица на поплавите што зафатија некои делови од САД се искачи на 46, а десетици лица се водат како исчезнати.
Гувернерот на сојузната американска држава Њу Џерси, Фил Марфи, рече дека мнозинството од загинатите се луѓе кои од силното невреме биле затекнати во своите возила или се поплавиле во домовитр. Најголем дел од жртвите се од шест сојузни држави, и тоа Конектикат, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Пенсилванија и Вирџинија.
Меѓу загинатите е и еден војник, кој го жртвувал својот живот трагајќи по лице што биле пријавено за исчезнато. Меѓу жртвите има и деца, од кои најмалото имало две години.
Поплавите што ги зафатија САД се последица од ураганот Ајда. Според американските медиуми, во последните два дена наврнало рекордно количество дожд, а властите ги предупредуваат граѓаните да не излегуваат од дома.
Во сојузната држава Њујорк е прогласена и вонредна состојба. На луѓето им се укажува да не ги возат своите автомобили и да не користат автобуси и метро. Засега дозволено е на улиците да сообраќаат само возила од брзата медицинска помош, полицијата, противпожарните служби.