Најмногу поплави се забележани во планинскиот северен дел на Пекинг во близина на Кинескиот ѕид. Така, најголем број смртни случаи, како што пишува Ројтерс, е регистриран во планинските северни окрузи – 28 во Мијун и два во Јанкинг
Најмалку 30 лица загинаа во поплавите што изминатиот викенд се предизвикани од обилни дождови во Пекинг и околните региони, пренесува Ројтерс. Повеќе од 80 илјади жители, пак, се евакуирани од кинескиот главен град.

Обилните дождови започнаа во текот на викендот и се интензивираа вчера во Пекинг и околните провинции.
Во северните делови на градот врнежите достигнаа до 543,4 милиметри, што е рекордна вредност за овој период од годината.
Најмногу поплави се забележани во планинскиот северен дел на Пекинг во близина на Кинескиот ѕид. Така, најголем број смртни случаи, како што пишува Ројтерс, е регистриран во планинските северни окрузи – 28 во Мијун и два во Јанкинг.
#WATCH 30 people were killed after the mountain torrents in #Beijing. #miyun #flood pic.twitter.com/kYsEkllAmY
— Ifeng News (@IFENG__official) July 29, 2025
Се очекува обилни дождови да паѓаат и денеска во делови од Пекинг, Хебеј и Тјенџин, соопшти тамошното Министерството за управување со вонредни состојби, додавајќи дека ситуацијата со помош при катастрофи е сложена и тешка.
Кинескиот претседател Си Ѓинпинг рече дека во последните денови, источна, северна и североисточна Кина се соочуваат со обилни врнежи од дожд што предизвикаа поплави и геолошки катастрофи.
Нареди да се прават сеопфатни операции за пребарување и спасување на луѓето, додавајќи дека неодамнешните поплави во Пекинг и провинциите Хебеј, Џилин и Шандонг предизвикаа огромни човечки жртви и материјални загуби.