Четиринаесет од загинатите се од Кентаки, а гувернерот Енди Бешир изјави дека очекуваат тој број да се зголеми како што ќе се добиваат повеќе информации. Потрагата по преживеани сè уште е во тек

Најмалку 21 лице загина, а десетици се повредени во торнада што погодија две американски држави – Мисури и Кентаки.
Силното невреме уништи домови, преврте возила, однесе покриви и собори дрвја. Шефот на противпожарната служба од Сент Луис, град во Мисури, изјави дека се погодени околу 5 000 домови.
Четиринаесет од загинатите се од Кентаки, а гувернерот Енди Бешир изјави дека очекуваат тој број да се зголеми како што ќе се добиваат повеќе информации. Потрагата по преживеани сè уште е во тек во погодените држави.
Во државата Кентаки повеќе од 99 000 домови останаа во темница, како и 84 000 низ државата Мисури.