По неколку недели обилни дождови, кои ги преплави веќе надојдените реки, две брани во бразилската држава Баија се урнаа и ги поплавија околните градови, пренесува Би-би-си.
Си-ен-ен јавува дека во поплавите загинаа најмалку 18 лица, а повеќе од 280 се повредени во североисточниот регион на земјата.
Поплавите зафатија речиси 40 града низ државата Баија, изјави гувернерот Руи Коста за новинарите во градот Илхеус, еден од најтешко погодените.
„Ова е огромна трагедија. Не можам да се сетам дека сум видел вакво нешто во поновата историја на Баија, со оглед на бројот на градови и куќи кои се погодени. Навистина е страшно, има толку многу куќи и улици кои се целосно под вода“,
рече Коста.
Во градот Итамбе во саботата доцна вечерта обилните дождови предизвикаа пробивање на браната во тој регион, што ги зголеми стравувањата за нови поплави.
Бразилските служби за следење на метеоролошките и природните катастрофи предупредуваат дека постои ризик од дополнителни поплави и лизгање на земјиштето во Баија, во случај врнежите да продолжат до вторник, пренесуваат бразилските медиуми.