Никогаш не сум видел толку голема несреќа, вели очевидец кој ја опишува глетката како шокантна

Најмалку 15 лица загинаа во голема сообраќајна несреќа во близина на градот Карбери, во канадската провинција Манитоба, потврди полицијата во Канада. Најмалку 10 лица, пак, со сериозни повреди се хоспитализирани.
Несреќата се случила меѓу камион со приколка и автобус кој превезувал претежно повозрасни патници.
Веднаш по сообраќајната на терен беа испратени 12 возила на Итната медицинска помош, како и авионска лекарска помош.
Очевидец во изјава за Си-би-си њуз вели дека видел дека има запалено возило во ендек вчера околу пладне по локално време.
„Никогаш не сум видел толку голема несреќа“,
вели очевидецот Џон Провен кој ја опиша глетката како шокантна.
За сериозноста на сообраќајката зборуваа и од локалната служба за брза помош наведувајќи дека на терен требало да испратат екипа за една од најголемите интервенции што ја имале досега за сообраќајни несреќи.