Според полицијата, возачот ја изгубил контролата врз автобусот, преминал во спротивната лента и удрил во карпите покрај патот. Потоа возилото се вратило во својата лента, но удрило во песочен насип и се превртило. Причината за несреќата сè уште се истражува

Патнички автобус во североисточен Бразил излетал од коловозот, удрил во песочен насип и се превртил настрана, при што загинале 15 лица, соопштија локалните власти.
Полицијата информира дека автобусот превезувал околу 30 патници. Бројот на повредени, кои биле однесени во блиските болници, засега не е познат.
Според полицијата, возачот ја изгубил контролата врз автобусот, преминал во спротивната лента и удрил во карпите покрај патот. Потоа возилото се вратило во својата лента, но удрило во песочен насип и се превртило.
Причината за несреќата сè уште се истражува. Возачот претрпел полесни повреди и бил негативен на тестот за алкохол.
„Ја следам ситуацијата со мојот тим и длабоко жалам за загубата на животите, повредите и страдањето на сите семејства“,
напиша на Икс гувернерот на областа, Херонимо Тешеира.
Според Министерството за транспорт на Бразил, повеќе од 10 000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи низ земјата во 2024 година.