Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.
Моментот кога шефот на смена го зема митото може да го видите јутјуб-каналот на телевизијата Клан на 8 минути и 40 секунди.
Инаку, како што објави Алсат, началникот на граничниот премин „Блаце“ е уапсен, а акцијата продолжува и се очекува да има и други апсења.
Утрово МВР за случајот соопшти дека се работи на санкционирање на сторителите.