Значително намалување на сообраќајните несреќи и на бројот на жртви, забележало Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на ноември месец во според со истиот период лани.
Според статистиките на МВР, ноември 2020 имало 21 отсто помалку сообраќајки во споредба со истиот месец лани, додека бројот на загинати паднал за 36 проценти.
За дури 47 отсто, пак, е намален бројот на сообраќајки со тешки телесни повреди.
„Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви.
Според МВР, ова се должи на засилените акциски контроли на сообраќајната полиција, кои најавуваат дека ќе продолжат и понатаму.
Вчера, во Струга и Охрид биле казнети 179 граѓани, додека денеска во Кичево за помалку од два часа се напишани 50 казни.