Според полицијата, при уплата, граѓаните се должни, без разлика дали таа е извршена во банка или електронски, внимателно да ја пополнат уплатницата согласно правната поука од записникот. Особено е важно точно да се внесе единствениот број од записникот во полињата ‘повикување на број‘ и ‘цел на дознака‘ во уплатницата
Министерството за внатрешни работи (МВР) ги информира граѓаните дека потврдите за платените сообраќајни санкции од системот „Безбеден град“, кои ги извршиле во банка или електронски, не треба да се доставуваат во полициска станица.
Како што соопштуваат од МВР, системот е автоматски поврзан со тој на Министерството за финансии, што овозможува евиденција на извршените уплати без потреба од дополнителна административна постапка од страна на граѓаните.
„При уплата, граѓаните се должни, без разлика дали истата е извршена во банка или електронски, внимателно да ја пополнат уплатницата согласно правната поука од записникот. Особено е важно точно да се внесе единствениот број од записникот во полињата ‘повикување на број‘ и ‘цел на дознака‘ во уплатницата“,
се вели во соопштението од полицијата.
Оттаму апелираат граѓаните да не ги носат потврдите во полициска станица, со цел да заштедат време и да се избегнат непотребни турканици.
