Сепак, Галеријата Аполон каде што се случи кражбата ќе остане затворена
Од утрово музејот „Лувр“ повторно е отворен откако пред три дена се случи кражба на накит, чија вредност е проценета на околу 88 милиони евра, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Од 9 часот, што е вообичаено време за отварање на музејот, првите посетители почнаа да влегуваат во „Лувр“, кој е и најпосетуваниот музеј во светот.
Сепак, Галеријата Аполон каде што се случи кражбата ќе остане затворена.
Во неделата наутро, крадците, непосредно по отворањето на музејот, со кран на возило паркирано пред зградата на Лувр, стигнале до салата од каде што го однеле накитот и побегнале со скутери.
Целиот грабеж бил извршен за седум минути.
Лувр беше затворен три дена поради истрага за кражбата.
Француските власти објавија дека украдениот накит вреди околу 88 милиони евра (102 милиони долари), не сметајќи ја неговата историска вредност за Франција.
Околу 100 истражители се вклучени во полициската потрага по осомничените и по украдениот накит.