Кирјакос Мицотакис, лидерот на Нова Демократија која вчера победи на предвремените парламентарни избори, даде заклетва за нов премиер на Грција. Во претседателската резиденција се одржа куса церемонија.

Во присуство на државниот и црковниот врв како и неговото семејство, со рака на Библијата, Мицотакис ја кажа традиционалната реченица:
„Се колнам во светото и неодвоиво Тројство дека ќе го чувам уставот и законите и ќе им служам на интересите на грчкиот народ“ .