Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бил во теретана, иако во мерките на Владата меѓу првите одлуки беше теретаните да бидат затворени.
Еееееее Христијане, Христијане… https://t.co/YcXiMX6RpU pic.twitter.com/W8h54cWBJ2
— Фред Џонс (@Freddy_AFC) April 4, 2020
Видеото на кое се гледа како Мицкоски, наводно, излегува од теретана е споделено на Твитер. „360 степени“ побара коментар за видеото од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, но тој досега не одговори за да ја потврди или демантира автентичноста на видеото кое се однесува на опозицискиот лидер.
Владата донесе мерки за забрана за работа на објекти во кои се собираат повеќе луѓе, а се забраnува и групирање на повеќе од пет лица.
Како Претседателот на ВМРО во време на пандемија “почитува” мерки на влада.
— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) April 4, 2020
Иако за сите важат забраните, за Мицкоски не важат.
Си вежба во теретана иако со уредба на Влада истото е забрането. pic.twitter.com/hmxxUvKqrJ
Засега, овие забрани ќе важат до завршувањето на вонредната состојба во земјава.