Народот е револтиран од владеењето на Заев, мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестот „Слобода за уставобранителите“, од каде го повтори и ставот дека неговата партија бара процесот за осудените за 27 април да се врати на почеток.
„Револтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе.Пендаро вски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд“
изјави Мицкоски.
Протестот почна од пред Владата, а заврши пред Собранието. Толпата носеше транспаренти „Патриотите не се терористи“ и бараше ослободување на Јане Ченто, Горан Ангелов-Ќосето и другите осудени за крвавиот четврток на 27 април 2017.