Координаторот на пратеничката група на СДСМ попладнево на прес-конференција најави дека владејачкото мнозиство ќе расте
Она што денеска се случува во Собранието е резултат на Мицкоски како губитник, кој ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство и за гласање недоверба на Владата. Затоа за ова да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста на друг. Тој е сам виновен и може да се лути и да му се гади.
Ова е ставот на пратеничката група на СДСМ за денешните случувања во Собранието, што на прес-конференција попладнево го соопшти Јован Митрески.
„Тој ‘пумпаше’ дека има 61 пратеник и излезе со ултиматум. Народот е излажан, нема ново парламентарно мнозинство и затоа треба да ѝ се извини на јавноста и на граѓаните и да понесе одговорност“,
рече Митрески, кој најави дека владејачкото мнозинство во следните денови само ќе расте.
На инсистирање на новинарите да објасни на што се темели ова тврдење, Митрески рече:
„Дозволете да ги видите случувањата кои ќе бидат во текот на утрешниот ден од оние кои ќе треба да го соопштат тоа“.
За пратеникот Кастриот Реџепи од Беса кој денеска не се појави во Собранието и не ообезбеди кворум за да се одржи седнцата за гласање недоверба на Владата, Митрески рече дека неггоите информации се дека Реџепи бил под притисок на оние кои денеска обвинуваа за притисоци.
„Реџепи е пратеник кој не може да биде против ништо, туку е за евроатлантскиот пат на нашата земја“,
рече Митрески.
На прашањето што ќе се случува вечерва, Митрески рече дека сите од пратеничката група се во Собранието, се во постојан контакт и со претседателот на Собранието, потсетувајќи дека седницата трае до полноќ.