Локалните избори се чинат како далечна тема, но не сите процеси околу нив се и затворени. Прашање е на недели кога Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го објави својот конечен извештај, со што треба да се заокружат заклучоците – што околку изборите во земјава треба да се подобри
Очекувајќи го документот ние поразговаравме со граѓаните во рубриката „Микрофонот е ваш“ на темата која веќе покажа потреба да биде доуредена – финансирањето на партиите и нивните кампањи
Оваа активност е подготвена во рамки на проектот Отпорни институции на Балканот за демократско управување и избори (BRIDGE), финансиран од Владата на Обединетото Кралство со поддршка на Британската амбасада во Скопје, и на Програмата за изборна поддршка на Швајцарската соработка во Северна Македонија, спроведувана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). Содржината на овој производ не ги одразува нужно ставовите на донаторите, проектите или спроведувачите.
