Група од 10 невладини организации (ќе) следат дали политичките партии злоупотребуваат административни ресурси во кампањата за претстојните локални избори. Работата до некаде ќе им биде олеснета бидејќи дел од државните возила добија брендирани регистарски таблички. Институциите веќе ги повикаа и сите граѓани да пријавуваат можни злоупотреби, барем кога се во прашање возилата
Во пресрет на стартот на кампањата „360 степени“ отстапи простор за повеќе граѓани да го кажат своето мислење на темата. Дали се согласуваат дека има злоупотреби на јавен имот при избори, дали тие би пријавиле, но и што би направиле самите ако тие се на власт – се дел од прашањата
Овој производ е подготвен во рамки на проектот Отпорни институции на Балканот за демократско управување и избори (BRIDGE), финансиран од Владата на Обединетото Кралство со поддршка на Британската амбасада во Скопје, и на Програмата за изборна поддршка на Швајцарската соработка во Северна Македонија, спроведувана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). Содржината на овој производ не ги одразува нужно ставовите на донаторите, проектите или спроведувачите.