Најавеното поскапување на бензините се чини дека ги наполни бензинските станици.
Попладнево можеше да се забележат колони возила на бензинската станица која се наоѓа на излезот од Кичево кон Охрид.
Ваквиот метеж кој не е вообичаен и во останатите денови е во пресрет на воведувањето на новите цени од полноќ.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи дека цените на деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе биде 45,50 ден/лит.
За 2,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена ќе биде 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.
Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.
