По трет пат во неполн месец, камерите ја забележуваат германската канцеларка Ангела Меркел како неконтролирано се тресе.
Тоа се гледа и во денеска објавеното видео на Агенцијата Ројтерс во кое таа го следи интонирањето на државните химни, заедно со гостинот, финскиот премиер Анти Рине.
Иако расте загриженоста за здравјето на најмоќната политичка фигура во Европа, од нејзиниот Кабинет за медиумите изјавиле дека канцеларката е добро и разговорите со премиерот на Финска се одвиваат според планираното.