Полицијата немала друг избор освен да користи несмртоносно оружје за да се одбрани од толпата, која доча вооружена и со намера да ги нападне, пренесува Гардијан
Протестот против строгите мерки што се одржа вчера во Мелбурн е еден од најнасилните што се случиле во градот во последните 20 години, оцени денеска највисокиот полициски службеник на државата Викторија, Шејн Патон.
Полицијата немала друг избор освен да користи несмртоносно оружје за да се одбрани од толпата, која доча вооружена и со намера да ги нападне, пренесува Гардијан.
Полицајците на коњи користеле пепер спреј за да ја растераат толпата од околу 4 000 луѓе кои го нападнале кордонот во Мелбурн, додека во Сиднеј помали групи беа спречени да се соединат, додека најмалку девет полицајци завршиле во болница.
Повеќе од 700 дополнителни полицајци од Викторија се распоредени за да ги спречат протестите.
Патон изјави дека е згрозен од однесувањето на одредени луѓе во толпата.
„Она што го видовме вчера беше веројатно еден од најнасилните протести што ги видовме во последните 20 години“,
изјави тој за новинарите.
Уапсени се повеќе од 200 луѓе, а некои се во притвор за претходни злосторства, додека најмалку 19 ќе бидат изведени на суд наместо да добијат парична казна од над 5 000 долари. Тројца остануваат во притвор за напад врз полицајци.
Осум од деветте ранети полицајци се пуштени од болница, а само еден е задржан на дополнителни клинички прегледи.
Полицајците имаат модринки, исекотини, скршен нос, повреди на нозете…
„Ни се чини дека тие дојдоа со намера да предизвикаат насилство“,
рече Патон.
Патон додаде дека се надева дека овие протести нема да резултираат со масовно ширење на коронавирусот и посочи дека луѓето што беа на вчерашниот протест ги изложиле на ризик другите луѓе од нивната заедница со нивното однесување.
Премиерот Скот Морисон изјави дека Австралија ќе се придржува до стратегијата за карантин против коронавирусот се додека најмалку 70 проценти од населението не биде целосно вакцинирано, но и потоа ќе мора да почне да живее со вирусот.
Во земјата вчера е поставен „рекорд“ со 914 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на новозаразени, додека јужните и источните држави Нов Јужен Велс, Викторија и главниот град Канбера се под строг карантин, пренесуваат британските медиуми.