Според службите за итни случаи, нападите биле извршени со беспилотни летала, зградите биле уништени, а пожари се предизвикани во три станбени згради и еден објект за цивилна инфраструктура
Најмалку четири лица загинаа, а 17 се повредени во синоќешниот руски напад врз вториот по големина град во Украина, Харков. Информациите за нападите ги потврди градоначалникот на Харков, Игор Тереков, додавајќи дека меѓу повредените има и деца од 11 и 12 години.
Во шест урбани области на градот во Североисточна Украина се регистрирани петнаесет напади.

Тереков посочи и дека и покрај мировните преговори за Украина, руските сили нападнале станбени згради.
Според службите за итни случаи, нападите биле извршени со беспилотни летала, зградите биле уништени, а пожари се предизвикани во три станбени згради и еден објект за цивилна инфраструктура.
Русија речиси секој ден ја таргетира Украина со беспилотни летала и ракети. Енергетската инфраструктура е посебен фокус, што предизвикува страв поради доаѓањето на зимата.
Украински, американски и европски претставници вчера се состанаа во Швајцарија за да разговараат за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина.
Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека е оптимист во врска со можноста за постигнување договор, дека очекува тој да биде постигнат многу брзо и наведе оти е направен огромен напредок за време на преговорите во Швајцарија.
Russian forces staged a ‘massive’ drone attack on November 23 on Kharkiv, Ukraine's second-largest city, killing four people and injuring several others, officials said https://t.co/CnUVvagcJA pic.twitter.com/f9kImFtwl2
— Reuters (@Reuters) November 24, 2025
Харков се наоѓа на 30 километри од руската граница. Инаку, градот е цел на секојдневни напади врз инфраструктурата и станбените области.
Во јужниот Днепропетровски Регион, во градот Марханец, две лица се убиени во руски напади, соопшти регионалниот гувернер.
