Зборувајќи токму за преговорите со Бугарија, Едштадлер, која неодамна и ја посети оваа земја и имаше средби со тамошниот премиер Кирил Петков, изјави дека исто така гледа позитивни придвижувања и позитивизам за решавање на отворените прашања со оваа земја
Ние како дел од ЕУ ќе направиме се што е во наша моќ за овој регион и С Македонија пред се конечно да ја добие европската перспектива која ја заслужува, јас сум оптимист дека ова е вистински момент да го поставиме курсот, изјави сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер, за време на пресконференцијата со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, која денеска е во посета на земјава.
Таа во текот на своето обраќање неколкупати повтори дека Австрија е голем пријател на Северна Македонија и дека верува оти војната во Украина дополнително ја покажало потребата за тоа и земјите од Западен Балкан што побргу да се интегрираат во ЕУ.
Вицепремиерот за европски прашања, пак, Бојан Маричиќ, зборувајќи за европските аспирации на земјата, нагласи дека Австрија е голем поддржувач за одржување на прва меѓувладина конференција на Северна Македонија, а во однос на спорот со Бугарија, одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека преговорите се водат со силен интензитет уште од 17 јануари и дека нашата страна ги штити своите интереси.
„Историчарите треба да ги дадат одговорите за историските прашања. Интензитетот на политичките преговори со Бугарија од 17 јануари па наваму не е намален. Нам ни е важно достоинствено и фер решение кое нема да го допира македонскиот јазик и идентитет. Многу внимателно и одговорно ги водиме овие преговори, имајќи ги на ум нашите интереси и сметаме дека тоа ќе не донесе до решавање на спорот на правилен начин“,
истакна Маричиќ.
Зборувајќи токму за преговорите со Бугарија, Едштадлер, која неодамна и ја посети оваа земја и имаше средби со тамошниот премиер Кирил Петков, изјави дека исто така гледа позитивни придвижувања и позитивизам за решавање на отворените прашања со оваа земја и уште еднаш ја повтори поддршката за европските аспирации на земјите од Западен Балкан.
„Во текот на својата посета во Бугарија видов дека премиерот Кирил Петков работи на сите теми и постои надеж дека ќе имаме позитивен исход. Знаеме и дека преговорите се водат и тоа е добар знак, а ние како ЕУ ќе се заложиме да го направиме следниот чекор, бидејќи ЕУ не е комплетна без земјите од западен Балкан. Останува на нас да докажеме дека сме во состојба нашите ветувања и да ги одржиме“,
истакна Едштадлер.