Деновиве бевме сведоци на крајно неодговорно однесување од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но она што е уште пострашно е што во дел од неговите изјави тој апсолутно потсетува на едни поранешни времиња, кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше и судија, и полиција, изречител на казни и мерки, вели Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација во Владата на СДСМ.
За случајот со Мицкоски, кој беше затекнат во затворен дел од кафеана спротивно на мерките за спречување на коронавирусот, Манчевски вели дека има низа на кривични дела.
„Не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во она што се случуваше на улица ‘Боемска’ има редица на кривични дела. Прво тој како и многу пати досега што се покажа не ги почитува мерките за заштита од ковид-19. Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот. Вториот момент за кривично дело е дека спречуваа луѓе инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност. Овие луѓе 2 часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело“,
вели Манчевски.
Според него, завршено е времето кога кој било политичар пишуваше казни и самиот пресудуваше.
