Пожарот најверојатно ќе се гаси во текот на целиот ден, велат за „360 степени“ дел од пожарникарите кои интервенираат на местото на настанот
Околу 11 часот е локализиран пожарот во Универзалната сала во Скопје.
Информацијата ја потврди и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Пожарот во Универзална сала е локализиран и нема опасност од негово ширење. Скопската противпожарна бригада работи на догаснување на пожарот“,
вели Ангелов во изјава за медиумите.
Пожарот најверојатно ќе се гаси во текот на целиот ден, велат за „360 степени“ дел од пожарникарите кои интервенираат на местото на настанот.
Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше на местото на настанот, во објава на Фејсбук апелира до граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата во објектот на Универзалната сала.
„Во моментов екипите на противпожарната бригада го гаснат и пожарот е локализиран. Не постои опасност по другите објекти во близината. Според првичните информации, немало никој во зградата. Апелирам граѓаните да го избегнуваат овој дел од градот додека трае интервенцијата. Исто така, апелирам да не се шират шпекулации додека да се добијат официјални информации која е причината за пожарот“,
пишува Герасимовски во објавата на Фејсбук.
Поврзани вести:
- (ФОТО) Гори Универзална сала
- (ВИДЕО) Голем пожар во Универзална: Пристапот на пожарникарите отежнат од лимените огради и паркираните возила
- (ВИДЕО) Почна гасењето на пожарот во Универзалната сала
- (ВИДЕО) Поранешниот директор на Универзална сала: Жално, објектот требаше да се реконструира уште пред 30 години