Веднаш откако пристигнала дојавата, преземени се стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот се привремено евакуирани од објектот на училиштето
Дојава за поставена бомба утрово пристигнала во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Според првичните информации, веднаш по пристигнување на дојавата, преземени се стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот на училиштето.
Полицијата, како што информираат од СВР Тетово, веднаш пристигнала во училиштето, а по извршените контроли констатирала дека станува збор за лажна дојава за поставена бомба.
Како што информираат дел од медиумите, ова е една од серијата последователни закани што се регистрирани во оваа образовна установа во изминатиот период.
Порталот „Тетова сот“ објави видео на кое се гледа како учениците од оваа тетовска гимназија го напуштаат училиштето. Пред училиштето е паркирано и полициско комбе.
