Кралицата Елизабета првпат учествуваше на видео-конференција
Британската кралица Елизабета Втора првпат учествуваше на јавна видео-конференција, пренесе „Ројтерс“.

Поводот за видео-конференцијата е британската „Недела на негуватели“ на која таа разговарала со четири негуватели кои им помагаат на други лица во време на пандемијата со ковид-19.
„Интересно е да се слушнат вашите приказни. Јас сум импресионирана од она што го правите. Мило ми е што успеав да ви се придружам“,
им вели 94-годишната кралица на учесниците на видео-конференцијата.
Покрај кралицата Елизабета, на овој настан учествувала и нејзината ќерка Ана.
Од Бакингемската палата видеото го објавија денеска по повод „Неделата на негуватели“, а како што пишува „Ројтерс“ се смета дека седум милиони Британци во текот на пандемијата се во улога на негуватели бидејќи се грижат за некој од членовите на нивните семејства или за пријатели.