Настанот почна со прикажување на промотивни видеа, од кои едното беше за почетокот на кампањата со обраќање на Ковачевски, а другото со обраќање на Олаф Шолц, од сестринските партии ПЕС, со порака дека за силна Европска Унија е потребен процесот за проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан
„ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор. Мицкоски гордо чекори по стапките на неговиот идол со адреса на живеење во Будимпешта. Исто како и Груевски спремен е Македонија уште 100 години да не влезе во Европската Унија. Тоа не само што е штетно, туку е и опасно за иднината на нашата држава и за иднината на нашите деца. Свесен сум дека на патот до Европската Унија е сè уште тежок и има уште пречки. Но, немам дилема дека ЕУ е единствениот начин да се сменат работите на подобро“, рече претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на Изборната единица 1
На првиот ден од кампањата за парламентарните избори сакам искрено и од срце да ви порачам дека јас и мојот тим сме подготвени да работиме ден и ноќ за да изградиме држава во која сите ќе се гордееме и со која сите ќе се гордееме на 28. столче во Брисел во Европскиот совет на Европската Унија.
Ова денеска на настанот по повод означување на почетокот на кампањата за парламентарните избори „Нема откажување од иднината“ на СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“ го рече во своето обраќање претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и носител на кандидатската листа на Изборната единица 1, посочувајќи дека главниот фокус, како што рече тој, и понатаму останува членството во ЕУ, за кое додаде дека нема друга алтернатива, за да се изгради држава како што посакуваме.
Според него, раководни места во министерствата и институциите ќе има само за оние што навистина го заслужуваат тоа со нивната посветеност и професионалност.
Настанот почна со прикажување промотивни видеа, од кои едното беше за почетокот на кампањата со обраќање на Ковачевски, а другото со обраќање на Олаф Шолц, од сестринската партија ПЕЦ, со порака дека за силна Европска Унија е потребен процесот за проширување со Северна Македонија и државите од Западен Балкан.

Ковачевски ги претстави резултатите од работењето од досегашниот мандат и ги изнесе плановите за економијата, поддршката на граѓаните, компаниите, а најави и решителна и поефикасна борба со криминалот и корупцијата.
Рече дека не сака ниту еден млад човек веќе да помисли да ја напушти државата.
„Тоа е мојот порив и мојата мисија во наредните четири години. И од тоа нема да се откажам во ниту еден момент“,
рече тој.
Според него, ДПМНЕ и Мицкоски станале симбол за откажување.
„Пред локалните избори ветуваа чуда во Скопје. Се расфрлаа со екоавтобуси, нови паркови, модерна инфраструктура. Што од тоа имаме денес? Скопје никогаш не било повалкано. Граѓаните секој ден стравуваат дали ќе има или ќе нема автобуси, а булеварите се во очајна состојба“,
рече тој.
Но, како што вели Ковачевски, ВМРО било како ВМРО, Никола како Никола, Христијан како Никола и Христијан како Христијан.
„Не преземаат одговорност. Велат, тоа не е наша вина и креваат раменици. Така креваа раменици за НАТО, така креваа раменици и за Преговарачката рамка за Европската Унија. Така ќе креваат раменици и за она што во својата програма го ветуваат пред граѓаните. Но, за тие лажни ветувања овој пат нема да имаа таква можност да креваат раменици, бидејќи нема да победат на изборите. Со лажни вести, со фингирани анкети, со ширење на страв не се поведува на избори, ниту се гради држава. Слушнете само што зборува нивниот лидер. Дајте ми доверба, па потоа ќе ви кажам што ќе правам“,
вели тој.
Им порача дека манипулации со зборување едно зад врата, а друго на улица не се прави држава и не се станува одговорен политичар.
„Доверба на вересија не се добива, држава на одложено не се води. И јас се радувам што сме различни од нив. Колку и да е тешко и напорно, работите ги кажуваме јавно. Затоа ќе видите мерки, политики и подготвеност за носење на одлуки. За нас, луѓето не се бројки, тие се капиталот на Македонија. За нив се работи. Не за мене или за некој овде. Или за било кој друг. Туку за граѓаните на Македонија. Затоа со искреност, работа, чесност и со одлучност се доаѓа до гордост. А не со бегање, кукавичлук и манипулации“,
вели претседателот на СДСМ.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ повторно сее страв дека со членството во Европската Унија ќе сме ја изгубеле државата, а ветуваат и некакви алтернативни решенија за влез во ЕУ. Како што посочи тој, такво нешто не постои.
„ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО-ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор. Мицкоски гордо чекори по стапките на неговиот идол со адреса на живеење во Будимпешта. Исто како и Груевски, спремен е Македонија уште 100 години да не влезе во Европската Унија. Тоа не само што е штетно, туку е и опасно за иднината на нашата држава и за иднината на нашите деца. Свесен сум дека на патот до Европската Унија е сè уште тежок и има уште пречки. Но, немам дилема дека ЕУ е единствениот начин да се сменат работите на подобро“,
рече Ковачевски.
Нема откажување, како што вели тој, од завршување на преговорите до 2028 година и исполнување на сонот Македонија да биде дел од ЕУ до 2030 година.
„На 8 мај изборот нема да биде само помеѓу политички партии и кандидатски листи. Изборот е многу посуштиснки, одлучуваме меѓу надеж со СДСМ и коалицијата и безнадежност и враќање десет години назад со ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и коалицијата се партии со јасен план за европски животен стандард и просперитетна држава. Затоа, одиме на победа, нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа. Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија“,
рече претседателот на СДСМ Ковачевски и носителот на Изборната единица 1.
На крајот од настанот тој ги повика носителите и коносителите на кандидатските листи да се потпишат на мурал кој ја симболизира пораката на „Коалицијата за европска иднина“ – „Нема откажување од европската иднина на Македонија.