Како што информираа од АМСМ, на три патни правци воведена е забрана за тешки товарни возила (делницата Гостивар – премин Стража, Гостивар – Маврови Анови и Дебар – Маврово)
Снегот кој од денеска ја зафати земјава, на поголем дел од патиштата го отежнува сообраќајот. На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа како колони возила се заглавени на планинскиот превој Стража. Граѓаните коментираат дека снегот повторно ги изненадил надлежните.
Снежните врнежи во гостиварско го отежнаа сообраќајот, а како што информираа од АМСМ, на три патни правци воведена е забрана за тешки товарни возила (делницата Гостивар – премин Стража, Гостивар – Маврови Анови и Дебар – Маврово). На возачите им се препорачува да не тргнуваат на пат без зимска опрема.
Од СВР Тетово информираат дека забраната е воведена од 13:00 часот и се препорачува возачите да ја приспособат брзината на движење според условите на патот, особено ако се движат кон планинските подрачја.