Додека на киевските улици немаше борби, во еден од клучните градови на североистокот од Украина, Русите успеаја да навлезат. Станува збор за Харков, за каде навлегувањето на трупите го потврди и регионалниот гувернер, Олех Синегубов

И покрај предупредувањата од властите и стравувањата на Украинците, се дека главниот град Киев во текот на изминатата ноќ не беше нападнат од воздух. Меѓутоа, експлозии се слушаа во близина на градот Василки каде има нафтени деривати, а кој е на 30-40 километри од главниот град.
Силните експлозии кои се случиле таму, го осветлија и небото над Киев, а како што јавија медиумите руските воени сили го нападнале воениот авион, а било запалено и складиште за нафта.
Додека на киевските улици немаше борби, во еден од клучните градови на североистокот од Украина, Русите успеаја да навлезат. Станува збор за Харков, за каде навлегувањето на трупите го потврди и регионалниот гувернер, Олех Синегубов.
„Воени возила на рускиот непријател упаднаа во Харков, вклучувајќи го и центарот на градот… Вооружените сили на Украина го уништуваат непријателот. Ги замолуваме цивилите да не излегуваат“,
рече Синегубов.
На видеата објавени на социјалните мрежи, кои ги пренесува „Би-би-си“ се гледаат неколку воени возила кои се движат по улица, како и запален тенк.
Russian forces pushing into Kharkiv pic.twitter.com/XxV2ah7SQZ
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) February 27, 2022
Video of that destroyed Russian Tigr-M vehicle in Kharkiv. https://t.co/2shuctUVlg pic.twitter.com/t1TrNJE9Fx
— Rob Lee (@RALee85) February 27, 2022