Судијката Добрила Кацарска во интервју за „360 Степени“ зборуваше за случајот „Рекет“ и однесувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева низ призмата на јавно достапните информации и докази.
„Како и секој граѓанин на Република Северна Македонија, бев згрозена од тоа што го слушнав. Верував во неа, верував во институцијата, сакам правда во нашата држава, правда подеднаква за сите граѓани. Јас не велам дека Катица Јанева го направила делото. Секој е невин додека не биде осуден со правосилна пресуда, но самиот факт дека се барале пари, дека се дадени пари предизвика кај мене чувство на згрозување, а не велам дека Катица Јанева ги побарала парите. Во никој случај. Не велам дека таа го направила тоа дело, за мене е невина се до моментот додека не заврши со правосилна пресуда тој предмет“,
рече Кацарска.