Касами, кој е и лидер на сега веќе опозициската Беса, објави фотографии и видео на својот фејсбук профил, од кои може да се види како тој, заедно со комуналните работници, со лопата во рака, учествува во расчистувањето на улиците
Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами, им се приклучи на вработените во локалното комунално претпријатие во чистење на снег и мраз низ улиците на градот.
Касами, кој е и лидер на сега веќе опозициската Беса, објави фотографии и видео на својот фејсбук профил, од кои може да се види како тој, заедно со комуналните работници, со лопата во рака, учествува во расчистувањето на улиците, по снегот што падна во Тетово.
„Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури .Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност“,
напиша Биљали на Фејсбук.
Тој беше избран за градоначалник на локалните избори што завршија во ноември, кога ја победи кандидаткаа на ДУИ и доскорешна градоначалничка на Тетово, Теута Арифи.
Претходно, Касами беше пратеник во два мандати, а по локалните избори неговата партија се врати во опозиција, напуштајќи ја коалицијата со СДСМ.