Хеликоптерот на МВР имал 12 налети над пожарот во Отовица и исфрлил 36 тона вода

Два големи пожари, кои зафатија и шума, попладнево беснееја на територијата на Македонија. Едниот во Велешко, над селото Отовица, а другиот во Скопско меѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.
Авионите „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) како и двата полициски хеликоптери интервенираа на двете локации и им помогнаа на противпожарните служби кои од копно се бореа со пламените јазици, по што првично стигна информацијата дека пожарот кај Отовица е локализиран.
Набргу потоа, од скопската противпожарна служба потврдија дека и пожарот кај трите села е изгаснат.
Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва објави и видео од едниот полициски хеликоптер од кое се гледа како надлетува над огнот кај Отовица и исфрла вода врз опожарената површина.
„Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода“,
велат од МВР.
Видеото може да се погледне во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: