Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во интервју за „360 степени“ тврди дека учебниците само што не стигнале и дека следната учебна година нема да има проблеми со учебници. Само деновиве ќе бидат поделени околу 230 000 учебници до сите ученици, а во рок од една недела или 10 дена, според Шаќири, ќе се дистрибуираат уште околу 80 000-90 000 учебници
360°: Министре, уште малку ќе дојде полугодие, а многу од учениците немаат учебници. На пример, од прво до петто одделение најголем е проблемот во второ и петто, иако има проблеми и во прво и четврто. Но, недостигаат учебници и за географија за деветто одделение, историја шесто одделение, македонски јазик деветто одделение и други, јас имам цел список со учебници што недостигаат. Што ќе им кажете на овие деца и на нивните родители, кога ќе им стигнат учебниците?

Шаќири: Прво, ви благодарам на прашањето, да го објасниме целокупниот проблем со училишните учебници. На сите родители и деца им велам дека секој ден даваме сè од себе за учебниците да стигнат до децата. Едно нешто што е важно е за процедурите што зависат од Министерството, сите учебници што можело да се откупат со буџетските средства што ги имавме на располагање за повисоки класови од петтото, бевме снабдени пред 31 август и ги доставивме по училиштата. За прашањето за новиот концепт, сите знаете дека ние го фативме на пола пат, на половина пат влеговме во овој процес, за прашањето за новиот концепт за прво, второ, четврто и петто одделение во моментот кога зборуваме, секој ден, за секој момент има дистрибуција на учебници, и денес има дистрибуција на учебници. За мене е важно што до денес се одобрени и поминале повеќе од 80 отсто од учебниците од Националниот совет за учебници.
Да го објаснам ова за јавноста каква улога има Министерството во оваа средина или во овој процес. Министерството во овој процес за учебниците, во однос на прашањето за новиот концепт, ја има посредничката улога во процедурите, тоа значи дека училишните програми се одобруваат од Бирото за развој на образованието, се доставуваат до Министерството, кое го објавува повикот за автор, Педагошката служба е како орган што се занимава со училишните учебници, а воедно и Националниот совет кој ги одобрува учебниците, и за оваа работа, за овој елемент, за овој дел, одговорноста за делот што го имавме и зависеше од нас, го направивме тоа во максимално време, овие процедури, не е лесна процедура, имам кажано неколкупати, зашто, ние почнавме во јануари, ги почнавме овие процедури во февруари, во март го основавме Националниот совет, кој не функционираше. Како Национален совет назначувањето не зависи од Министерството, именувањето го врши Владата, се чекаат именувањата од сите институции што ги доставуваат имињата за составот на Националниот совет, Националниот совет ги одобри сите процедури за повикот за училишни учебници, оние учебници што доцнат за новиот концепт што се во оваа фаза на неодобрување, има автори што ги одложуваат процедурите и корекциите и предлозите што ги поднесуваат рецензенти од Националниот совет и сл.
Како заклучок, сите максимални можности што ги имавме, верувајте, тоа е цел тим со кој секој ден јас како министер, дел од мојот кабинет секојдневно комуницирам, било со економскиот оператор, колку учебници се доставени до училиштата, било со авторите што треба да ги достават забелешките, дали со рецензентите што треба да достават повеќе, покрај посредничката улога сме и во поттикнувачка, надзорна улога за да се одвиваат овие постапки што побрзо. Моја одговорност ќе биде, можете и вие да го проверите тоа, за новиот концепт за петто одделение од декември распишавме повик за автори, значи за следната учебна 2023-2024 година уште во декември распишавме повик за автори и нема да задоцни ниту еден учебник, а сигурен сум дека за следната година ќе стигнеме навреме и даваме сè од себе за да го реализираме ова.
За повисоките одделенија, како што спомнавте, на пример географија, историја, училиштата како институции поднесуваат барања до Педагошката служба, Педагошката служба е орган кој оценува врз основа на средствата од буџетот кои учебници ќе се издаваат врз основа на презентираните потреби за училиштата. Затоа велам дека во сите овие постапки ние сме во прва улога, имаме влијателна улога бидејќи тоа зависи од нас, додека во втората улога сме двигатели, катализатори на овој процес за учебниците што поскоро да стигнат до децата.
360°: Министре, ќе имаат ли учениците книги во второто полугодие?

Шаќири: Учениците имаат книги, дури и во моментот кога зборуваме, секој ден, додека разговараме, ми рекоа дека до викендов ќе бидат поделени околу 230 000 учебници до сите ученици, остануваат уште околу 80 000-90 000 кои ќе бидат завршени во рок од една недела или 10 дена, но има и учебници што не зависат од економскиот оператор да ги печати, туку зависат од процедурите кои се во Националниот совет, што значи дека не се доставуваат до Националниот совет врз основа на авторите, се доставуваат со шифри, се отвораат шифри, референци, но ние чекаме одобрение на учебниците од Националниот совет да ги однесеме кај економскиот оператор да ги печати. Според документите од Бирото за јавни набавки, некои договори за печатење на учебниците се склучени летово, но некои дури есенва, откако почна учебната година.
360°: Зошто Министерството за образование задоцни со изработката и печатењето на учебниците?
Шаќири: Вие знаете, верувам, дека буџетот за 2022 година се носи на крајот на годината во текот на 2021 година, ние ја презедовме позицијата во јануари 2022 година кога сите, и граѓаните и јавноста, знаат дека буџетските средства во буџетот на Министерството беа минимални за печатење на учебници, беа во Бирото за развој на образованието, бевме обврзани да чекаме ребаланс на буџетот за да имаме можност да ги префрлиме средствата и да го слушнеме гласот на граѓаните дека децата треба да имаат бесплатни печатени учебници. Поради оваа причина, ова се технички причини кои ние, јас како министер, не можев да ги менаџирам во февруари од причина што во тој дел беа скратени средствата од буџетот, додека договорите што беа склучени во текот на летото се договори што се склучуваат за секоја година за правото на откуп на книги, авторското право што го имаат некои издавачки куќи и тие договори се склучени во рокот во кој средствата беа предвидени со буџетот за 2022 година.
За 2023 година, за да немаме такви доцнења, во ова составување на буџетот кој е во фаза на дискусија, обезбедени се средства за печатење учебници, а законските процедури нема да чекаат до јуни или јули за 2023 година, ќе бидат објавени на почетокот на февруари и март за да немаме такви доцнења. Доцнењата и договорите што се, се од карактерот на буџетските средства што ги немаше и го чекавме ребалансот, реорганизацијата за овие средства да се обезбедат овие средства децата да имаат училишни учебници и поради таа причина е ова, додека договорите што се вклучени се речиси договори што се склучуваат за секоја година за дистрибуција на учебници со авторско право со кое го имаат издавачките куќи.
360°: Во второ и во петто одделение за првото тримесечје испечативте комбиниран учебник (скрипта) – една скрипта за сите предмети, но тој материјал веќе е усвоен. Знаете ли дека сега наставниците импровизираат? Сами собираат примери од интернет и од странски учебници за да имаат што да им предаваат на децата. Колку е во ред сето ова?

Шаќири: Нема да го наречам импровизација. Зошто го велам ова, не само за второ и петто, имаше подготвителни материјали за прво и четврто одделение, кои беа поздравени од многу родители и од многу наставници за да се надомести тој недостаток што беше презентиран, не поради Министерството, уште еднаш потенцирам, туку поради законската основа и законските процедури што треба да ги организираме. Знаете дека со прашањето на новата концепција им се дава право и на професорите и наставниците да дадат дополнителен материјал што може да го имаат од различни извори. Различните системи во различни земји во светот немаат импровизации, но тие им се секојдневие, секој наставник има наставна програма која мора да ја следи врз основа на таа наставна програма во учебниците кои се веќе одобрени, ги поставивме на порталот на учебници кој е во електронска форма и затоа велам дека нема да го наречам импровизација, затоа што и кога ќе дојдат учебниците, право на наставниците е да земат повеќе материјал и тој материјал да им го достават на учениците.
Ако ги погледнеме различните образовни системи во различни земји во светот, можете да ги видите и вие, текстовите што можат да се понудат, тоа е право на наставникот, кој истражува, се даваат насоки кои детето мора да ги постигне во текот на еден месец или во текот на тримесечје да се постигне успехот додека изворот на материјалот го гледа каде што сака наставникот. Тука кај нас сега се воведува, но не значи дека импровизираат, јас сум убеден дека земаат врз основа на напредокот на програмата и го воведуваат тој материјал, но во рамките на времето, Педагошката служба, секторите во министерството, основното образование секојдневно се во комуникација со нив и додека да пристигнат учебниците тие продолжуваат со текстовите.
И како заклучок на ова, 230 000 учебници што се комплетираат не се мала бројка, верувам дека е значајна бројка, а преостанатите што ќе стигнат до крајот на втората половина на годината ќе стигнат за брзо, веќе нема да биде од сите учебници, ќе биде мал процент од 5 до 10 отсто за учебници за кои не е причина економскиот оператор, туку затоа што за текст нема автор и Педагошката служба е принудена да направи група автори, има за текст, во кој, на пример, во моментот кога разговараме има различни предлози од различни институции, што значи дека за секој текст се зема мислење од Бирото, дали е во согласност со програмата, се зема од рецензентите, дали е во согласност со она што се бара, упатувачот дава референца бидејќи сите се доставени со анонимни шифри. Во концепцијата за основно образование изготвена во мандатот на мојата претходничка, беше предвидено да се работи и да се учи со дигитални учебници. Ние го напуштивме тој пристап и решивме да се печатат учебници.
360°: Неколку месеци по ваквата одлука, колку сте убеден дека таа одлука беше вистинска?
Шаќири: Никогаш не сум кажал дека сме повлечени од дигитализацијата на учебниците, но секогаш сум кажал дека најдобар образовен процес е да има печатени учебници, учебници, а во исто време да има дигитализиран материјали. Зошто го кажуваме ова? Затоа што го продолжуваме концептот на дигитализација, не сме застанале тука, значи прво направивме студија на голем дел од основните образовни институции кои ги исполнуваат условите за дигитализација на инфраструктурата. По оваа студија за анализа која ја направивме, по завршување на постапката за одобрени печатени учебници кои имаат автори и се ставени во образовната и наставната постапка, гледаме секаква друга можност со меѓународни институции, во рамките на можностите на буџетот, да ги дигитализираме овие материјали. Кога ќе ги дигитализираме, ќе ја информираме и јавноста, дека можеби во овој дел некои од нив ќе бидат дигитализирани во втората половина на годината, но тоа да се користи во наредната година, бидејќи и ова е важно – концепцијата за основно образование не завршува тука, ќе ги информираме сите, ќе ги поканиме професорите по математика кога ќе ги дигитализираме учебниците по математика, кои се придобивките и елементите за да не се гледа како приговор од детето, туку ќе се гледа како можност и желба детето да ја добие таа дигитална книга, односно го има печатениот материјал и со најдобра волја ќе го добие и дигитализираниот материјал.
Тоа се месечни, временски прашања, затоа што не можеме да кажеме дека ќе се реши преку ден, бидејќи тие се оние што се потпираат на меѓународните институции, концептот на дигитализација кај нас, разговараме со нив да видиме алатки, законски можности. Како што кажав, материјалите што се поставени во електронска форма се печатат, да ги дигитализираме најважните делови и да направиме попогоден начин за децата да го добијат материјалот. Да не правиме отпор на дигитализацијата почнувајќи од детето или наставникот, туку желбата за дигитализација да ја создадеме со тоа што ќе го имаме печатениот материјал, електронската книга и дигитализираниот материјал кој е важен елемент за секого.