Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стаклото се распрскува околу нив
Имавме многу среќа, заклучува Стјуарт Ремзи на крајот од прилогот. Тој завршил со куршум во долниот дел од грбот
Главниот дописник на британскиот ТВ канал „Скај њуз“ од украинската криза, Стјуарт Ремзи, бил застрелан во долниот дел на грбот додека во понеделникот било пукано врз автомобилот што ја превезувал неговата екипа во Киев.
Во нападот , исто така, бил погоден и снимателот Ричи Моклер, но двата куршума завршиле во неговиот заштитен елек, пред тимот да успее да избега и да се засолни.
Целата екипа подоцна била спасена од украинската полиција.
Во екипата на „Скај Њуз“ се наоѓале и Доминке ван Херден и Мартин Воулс, како и локалниот продуцент Андриј Литвиненко.
Шокантната снимка од инцидентот синоќа беше прикажана на „Скај Њуз“ и на неа се гледа како новинарската екипа се наоѓа под силен оган додека стаклото се распрскува околу нив. На снимката се слуша како тие повторуваат дека се новинари додека се под рафален оган.
This is absolutely terrifying – Stuart Ramsay and his Sky News team were targeted by a professional Russian hit squad in Ukraine.
— Tim Gatt (@TimGatt) March 4, 2022
Amazing that cameraman Richie Mockler managed to film this despite being under heavy gunfire.
They're safely back in the UK. https://t.co/Rs4xVuNukw pic.twitter.com/gKyIzbRNwN
Се претпоставува дека нападот го извршиле диверзанти на руското извидување.
Во писмениот извештај за заседата, Ремзи наведува дека неговата екипа се движела кон градот Буча, каде што имале намера да дознаат повеќе за уништувањето на рускиот конвој од страна на украинската армија претходниот ден.
Ремзи наведува дека екипата мислела дека украинскиот воен контролен пункт можеби е одговорен за пукањето, но нивните обиди да објаснат дека се новинари не го одвратиле напаѓачот да пука.
„Се сеќавам дека се прашував дали мојата смрт ќе биде болна“,
рече тој.
Некои членови на тимот успеале да побегнат, но Ремзи бил погоден со куршум во долниот дел на грбот.
Тимот на крајот стигнал до една фабрика, каде се засолниле.
Тимот на „Скај Њуз“, во меѓувреме се вратил во Обединетото кралство, а Литвиненко останал во Украина со своето семејство.
„Имавме многу среќа“,
додава Ремзи на крајот од прилогот.