Според командирот на противпожарната бригада Ука Алити, пожарот бил пријавен во 20:23 минути и гаснењето траело 70 минути, со четири возила и девет пожарникари. Направена е голема материјална штета, но за среќа нема повредени
Во пожарот што избувнал во поттрибинскиот простор синоќа изгоре дел од Градскиот стадион во Тетово – дуќани кои се наоѓале таму, но зафатен е и дел од трибините.
Според командирот на противпожарната бригада Ука Алити, пожарот бил пријавен во 20:23 минути и гаснењето траело 70 минути, со четири возила и девет пожарникари. Направена е голема материјална штета, но за среќа нема повредени.
„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради ‘фрлање струја’, односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии. Бидејќи водата е спроводник, не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно проширување на огнот“,
изјави Алити за локалните медиуми.
Освен дека пожарот се појавил во поттрибинскиот простор, засега нема други информации за причините.
Порталот „Тетово инфо“ на својата фејсбук-страница објави видео.
