Од ЦУК велат дека вечерва на теренот се врши проверка и догаснување на остатоци во внатрешноста на изгорената површина

Целосно е изгаснат пожарот кој попладнево гореше над населбата Катланово во Општина Петровец, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во гаснењето на пожарот учестувале два „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден полициски хеликоптер „бел 142“, велат од ЦУК.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека хеликоптерот на единицата за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици во повеќе налети исфрлил 20 тони води и со заеднички координирани напори со останатите тимови на терен, пожарот е ставен под контрола.
Од ЦУК велат дека вечерва на теренот се врши проверка и догаснување на остатоци во внатрешноста на изгорената површина.
Попладнево, околу 15:30 часот, од ЦУК информираа дека избувнал пожар над населбата Катланово,при што гореа нискостеблести растенија, но и дрвја.
