Командирот на скопската противпожарна единица Звонко Томевски вели дека пожарот бил во делот од паркингот на Природно-математичкиот факултет и се ширел кон резервоарот на „Водовод и канализација“

Седум пожарникари со три противпожарни возила попладнево интервенирале во гаснење на пожар во парк-шумата Гази Баба.
Командирот на скопската противпожарна единица Звонко Томевски вели дека пожарот бил во делот од паркингот на Природно-математичкиот факултет и се ширел кон резервоарот на „Водовод и канализација“.
„Поради брзата интервенција, пожарот веднаш е изгаснат“,
вели Томевски.
Тој додава дека поради интервенцијата на пожарникарите привремено била изгаснатa трафостаницата која ја дистрибуира електричната енергија во нисконапонскиот дел за неколку населби од овој дел од градот.
По гаснењето на пожарот, Томевски очекува трансформаторот наскоро повторно да биде ставен во функција.
Од „Водовод и канализација“ информираа дека поради прекинот со електричната енергија можно е во населените места во Општина Чаир и Железара да нема вода.
На социјалните мрежи се шират видеа од пожарот на кои може да се забележи дека гори сува трева, а се шири и густ црн чад.