Командант на мисијата е самиот Исакман, пилотот е пензионираниот потполковник на американските воздушни сили Скот Потит, специјалист за мисијата е Сара Гилис, шеф на вселенските операции на „Спејс икс“ за обука на астронаути, додека медицинскиот службеник е Ана Менон од „Спејс икс“, пишува „Спејс.ком“
Успешно заврши првата приватна вселенска прошетка предводена од американскиот милијардер Џаред Исакман. На 10 септември, мисијата „Поларис даун“ на „Спејс икс“ го лансира Исакман и уште тројца астронаути во орбитата со цел за време на петдневниот лет да се обидат да ја направат првата приватна прошетка во вселената.
Командант на мисијата е самиот Исакман, пилотот е пензионираниот потполковник на американските воздушни сили Скот Потит, специјалист за мисијата е Сара Гилис, шеф на вселенските операции на „Спејс икс“ за обука на астронаути, додека медицинскиот службеник е Ана Менон од „Спејс икс“, пишува „Спејс.ком“.
Тоа е првиот од трите вселенски летови на програмата Поларис и вториот што Исакман лично го финансираше. Вселенската прошетка, односно периодот што екипажот требаше да го помине во вакуум, траеше два часа. Прво, сите четворица астронаути на „Поларис даун“ облекоа вселенски костуми, а потоа ја депресираа капсулата „Драгон“ за Исакман и Гилис да излезат надвор од отворот.
Двајца членови на екипажот останаа делумно надвор од отворот околу 15 до 20 минути за да ги тестираат оделата ЕВА (вселенски) дизајнирани и развиени од „Спејс икс“.
„Кога сме дома, секогаш сме зафатени, но оттука – светот изгледа совршено“,
рече Исакман.
Polaris Dawn and Dragon at 1,400 km above Earth – the farthest humans have traveled since the Apollo program over 50 years ago pic.twitter.com/rRDeD1dY1e
— SpaceX (@SpaceX) September 11, 2024
Откако беа во вселената, Исакман и Гилис успешно го запечатија отворот на леталото.
