Дрилон Исени, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија во дебата на „360 Степени“ зборуваше за тоа како функционира бизнисот во актуелните околности на зголемено ширење на коронавирусот и воведување нови рестриктивни мерки.
„Бизнис заедницата имаше разбирање за важноста на здравствениот систем и јавното здравје на државата, но по овој долг период во кој се соочуваме и со пандемијата и со економската криза, веројатно е време да се вклучат и стопанските комори при дефинирањето на евентуалните рестриктивни мерки со цел да се намали потенцијалниот ризик кој ќе го имаат врз економијата. Додека зборуваме за превентивни мерки, за ограничувања, секако дека бизнисот, пред се, многу процеси, многу работи не може да ги врши во нормала бидејќи постојат такви рестрикции.“,
вели Исени.
Тој вели дека ова влијае и врз макроекономските показатели каде има пад по повеќе основи.
Исени кажа дека од владата единствено биле консултирани само за економските мерки за поддршка на бизнисот.
„Морам да кажам дека не секое наше барање се прифаќа од страна на владата, но во делот на овие рестрикции не сме консултирани од надлежните институции“,
вели Исени.