Експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар
Иранската државна телевизија вечерва објави дека армијата лансирала ракети кон американската воена база „Ал Удеид“ во Катар, како моќен и успешен одговор на вооружените сили на Иран на американската агресија.

„Корпусот на Исламската револуционерна гарда започна операција насочена кон базата ‘Ал Удеид‘ во Катар со моќен и разорен ракетен напад“,
објави иранската телевизија.
Според американските медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар.
Најмалку десет ракети се лансирани кон Катар, а најмалку една кон Ирак.
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад кој бил насочен кон воздухопловната база „Ал Удеид“.
Катарските власти денеска објавија дека привремено го прекинуваат воздушниот сообраќај како мерка на претпазливост поради настаните во регионот.
На социјалните мрежи веќе се шират видеа од ракетните напади.
A battle between interceptors and incoming ballistic missiles observed in the sky over Qatar. pic.twitter.com/P91RJXPldF
— OSINTdefender (@sentdefender) June 23, 2025
Инаку, корпусот на иранската гарда објави дека операцијата за напад на Катар и Ирак се нарекува „Добри вести за победа“.
Multiple interceptors seen leaving Qatar during the Iranian ballistic missile attack against U.S. Al Udeid Air Base. pic.twitter.com/z8QMsjE67W
— OSINTdefender (@sentdefender) June 23, 2025
Засега деталите за нападите и причинетата штета не се познати.
Сирени за тревога се огласија и во соседните држави Бахреин и Кувајт.
Иран се закани дека ќе им возврати на Соединетите Американски Држави (САД) по нападот на нивните нуклеарни локации.
Неколку земји денеска ги предупредија своите граѓани во Катар да бидат безбедни.
Британската влада ги советуваше своите граѓани во Катар да останат на безбедно до понатамошно известување, откако слични предупредувања беа испратени до нивните граѓани од САД и Кина, додека Катар го затвори својот воздушен простор.