Мешаници, туркање и дофрлувања. Ваква беше сликата попладнево пред тетовскиот стадион, во пресрет на прволигашкиот натпревар на домаќинот Шкендија против Шкупи.
ТВ „Шења“ објави дека пред влезот на стадионот, нападнати се фудбалерите и стручниот штаб на Шкупи. На видеото се гледа како повреден играч лежи на земја, а меѓу толпата луѓе има и полиција.
На навивачите на Шкупи не им беше дозволено да отпатуваат во Тетово откако организираните автобуси со кои тргнаа од Чаир полицијата ги врати од патарината во Тетово.
Спортските медиуми јавуваат дека во последно време затегнати се односите меѓу двата клуба – прволигаши.