Демонстрантите фрлаа мраз и снег по новинари, а од полицијата соопштија дека пристигнале и пријави за употреба на пиротехника и за одбивање да се носат маски
Илјадници противници на епидемиолошките мерки и на најавената задолжителна вакцинација попладнево протестираат во Виена, а овие, како и претходните демонстрации, беа одбележани со инциденти.
Според полицијата, околу 20 000 луѓе се собрале во центарот на Виена , на протестот на кој, повторно повика Слободарската партија на Австрија (ФПО), пренесува српски Телеграф.
За прв пат по протестот, пред насобраните се обрати и лидерот на ФПО, Херберт Кикл, кој не можеше да присуствува на претходните демонстрации поради ковид.
Тој ја обвини владата дека им нуди на граѓаните карикатура на слобода, наместо вистинска слобода
Посочи дека ФПО ќе се бори за сите оние кои се уште не го разбрале тоа, бидејќи смета дека тоа е слободарска форма на солидарност.
За време на маршот низ центарот на Виена дојде до инцидент, бидејќи учесниците на протестот фрлаа мраз и снег врз новинарите кои го следеа настанот. Полицијата во неколку наврати морала да интервенира и привела повеќе лица
Инаку, во Австрија со денови се повикува на „мега демонстрации против хаосот и принудата. ФПО, како што соопшти, протестот го организирала во соработка со повеќе граѓански движења.
До австриската полиција беа поднесени 32 барања за демонстрации, од кои седум беа одбиени поради формални грешки. За споредба, овој трет голем протест против антиковид мерките, всушност, затоа што минатата седмица имаше околу 40.000 во центарот на Виена. Додека бројот на учесници на протестот опаѓа, полицијата го зголемува присуството, па на овој собир го обезбедуваа 1 400 полицајци, а претходно таа бројка беше за 200 помалку, јави Телеграф.
Други медиуми, пак, јавуваат дека на денешниот протест имало околу 44 илјади.
Од полицијата во Виена соопштија дека пристигнале и пријави за употреба на пиротехника и за одбивање да се носат маски. Исто така, се контролира и јавниот превоз откако неколку жители на Виена пријавиле дека демонстранти без маски ги малтретирале.