„Тврдам дека немало никаква документација што се однесува на прислушување и следење на поранешниот лидер на опозицијата”, вели ексдиректорот на АНБ, Виктор Димовски, во разговор за „360 степени“
Од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно на прес-конференции повторуваат дека нивниот лидер Христијан Мицкоски пет години бил прислушуван и следен со злоупотреба на тајните служби, а СДСМ повикува на декласификација на документите и прашува од што се плаши власта. Во ваква атмосфера посочениот поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, прифати да одговори на прашањата на „360 степени“ за кои постои висок јавен интерес, а се однесуваат на информациите дека сегашното раководство на АНБ, на чело со Бојан Христовски, доставило три известувања до јавното обвинителство за ексдиректор и група вработени поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување.
Со Виктор Димовски разговараме за наводите од АНБ дека внатрешна истрага покажала оти Агенцијата била киднапирана од еден поранешен директор и неколкумина вработени, кои злоупотребувајќи ги ресурсите на АНБ се прсметувале со неистомисленици, меѓу кои политичари, новинари, бознисмени…
„Тврдам дека немало никаква документација што се однесува на прислушување и следење на поранешниот лидер на опозицијата, а доколку такво нешто постои, немаше да има потреба од ништо од ова што се случува, од овој циркус во парламентот, немаше потреба можеби и оваа емисија да ја имаме, ако одлучеа на едноставен начин да се декласифицира документацијата и да се објави“, вели Димовски.
Интервјуто интегрално погледнете го во видеото.