Македонскиот професионален рели возач, Игор Стефановски – Иџе во текот на полицискиот час возеше во чест на, како што вели, нашите херои во овој период: здравствените работници, полицијата, армијата …

„Медицинарите и полицијата се нашите херои“, пишуваше на маицата која тој ја облече пред стартот на возењето во 18 часот.
„Ова се мигови кои би сакал никогаш да не се повторат. Улиците низ градовите на нашата држава, никогаш повторно да не бидат празни. Токму затоа, мудро да се вратиме во секојдневието. Нашите медицински лица, полицијата, армијата и сите наши сограѓани кои се НАШИТЕ ХЕРОИ ВО ОВОЈ ПЕРИОД, со свој придонес направија полека, но сигурно, да излеземе победници од оваа битка. Затоа во нивна чест, јас и мојот тим ќе им дадеме поддршка, но и почит како големо признание за нивната пожртвуваност“,
напиша Иџе на Фејсбук најавувајќи го овој настан.
Рутата по која тој возеше беше Лисиче-Аеродром-Центар-Карпош.
