Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува моментот кога возилото влегува во толпата и удира во најмалку две лица. Наместо да застане, возачот забрзал, скршнал и продолжил низ толпата, повредувајќи уште повеќе луѓе
Голем инцидент го потресе вечерва Ливерпул откако непознато лице намерно влета со автомобил во толпата навивачи кои ја славеа шампионската титула на својот тим.

Според снимките од местото на настанот, црн автомобил со голема брзина се забил во толпата навивачи, оставајќи зад себе шокантни сцени на хаос и паника.
Видео што кружи на социјалните мрежи го прикажува моментот кога возилото влегува во толпата и удира во најмалку две лица. Наместо да застане, возачот забрзал, скршнал и продолжил низ толпата, повредувајќи уште повеќе луѓе.
Сè уште нема официјална потврда за точниот број повредени, но според првичните информации, станува збор за десетици луѓе, а некои сведоци тврдат дека имало сериозно повредени. Медицинските екипи веднаш реагирале, а подрачјето на инцидентот брзо било блокирано.
Полицијата од Мерсисајд потврди дека лицето зад воланот е уапсено и дека е во тек кривична истрага.
„Во овој момент не можеме да коментираме за мотивите, но апелираме до сите сведоци што имаат информации, да ги споделат“,
соопшти полицијата.
Footage from the car ramming on Dale Street, Liverpool, during celebrations of Liverpool FC’s Premier League win.
— Nicholas Lissack (@NicholasLissack) May 26, 2025
The driver can be seen veering into the crowd, striking several people.
Truly horrific. pic.twitter.com/EmaNQoiugx
ФК Ливерпул на социјалните мрежи изјави дека нивните мисли и молитви се со сите повредени во инцидентот и дека клубот ќе продолжи да им дава целосна поддршка на службите за итни случаи и локалните власти.
„Во директен контакт сме со полицијата од Мерсисајд во врска со инцидентот на улицата Вотер што се случи кон крајот на парадата за доделување на трофеите. Нашите мисли и молитви се со сите погодени од овој сериозен инцидент. Ќе продолжиме да им даваме целосна поддршка на службите за итни случаи и локалните власти додека се справуваат со овој инцидент“,
изјавија од ФК Ливерпул.
Градскиот ривал на Ливерпул, ФК Евертон, исто така излезе со соопштение.
„Нашите мисли се со сите погодени од овој сериозен инцидент во нашиот град“,
рекоа тие.
Се огласија и од Премиер лигата.
„Сите во Премиер лигата се шокирани од ужасните настани во Ливерпул вечерва и нашите искрени мисли се со сите повредени и погодени. Бевме во контакт со ФК Ливерпул и понудивме целосна поддршка по овој сериозен инцидент“,
соопштија тие.